Македонија и Косово на 26. март треба да одиграат полуфиналето во Лигата на Нации, но тој натпревар би можел и да не се одигра, а Македонија директно да се пласира во финалето.
Албанскиот сајт „Инфорспорт“ објави дека Косово може да добие суспензија од УЕФА и ФИФА во траење од две до пет година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Косово може да добие суспензија поради хаосот кој им се случува во федерацијата. Наводно, политичките партии се обидуваат да го сменат актуелниот прв човек Агим Адеми и тоа е против правилата на ФИФА и УЕФА.
Добро познато е дека и двете организации не дозволуваат мешање на политиката во по спортот и казните за такво нешто се ригорозни.
Таквите обиди на локалната власт да го промени актуелниот претседател сигурно ќе бидат под лупа на УЕФА и ФИФА во наредниот период.
Ќе потсетиме, победникот од Македонија и Косово ќе оди на финале против Белорусија и Грузија, а победникот од тој натпревар ќе обезбеди пласман на Европското првенство.