Дома Фудбал Италија Корона кризата го погоди и Јувентус: „Старата дама“ пријави огромна загуба

Корона кризата го погоди и Јувентус: „Старата дама“ пријави огромна загуба

Jувентус според финансискиот извештај кој го поднесе е во голема загуба.

Во работите со финансиите Јувентус има проблеми, а секако главната причина е пандемијата со коронавирусот.

Клубот од Торино забележи минус од дури 89.7 милиони евра, а во однос на минатата година тоа е минус од 39 милиони евра.

Тоа покажува дека минусот од првата половина оваа година скоро и двојно да се зголеми, а она што е лошо за нив и за другите клубови е што кризата се уште трае.

Секако, причините се бидејќи изостануваат приходите од продажба на влезниви, но намалена е и сумата која Јувентус ја добива од спонзорите.

Јувентус вака им се придружи на Барселона, Милан, Челзи, Рома и уште некои клубови кои пријавија големи загуби во последните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нема шега: Челси го обезбеди својот најдобар стрелец до 2032!

Фудбалерот на Челси, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со овој клуб до 2032 година, со мо…