Дома Топ вести Конференција исполнета со солзи, Иниеста заминува од клубот кој му даде се… (Видео)

Конференција исполнета со солзи, Иниеста заминува од клубот кој му даде се… (Видео)

Денес во тренинг центарот „Жоан Гампер“ се одржа конференцијата за медиумите на која Андрес Иниеста ја соопшти својата одлука за напуштање на Барселона.

Како и што се очекуваше Иниеста потврди дека ја игра последната сезона на „Ноу Камп“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Целиот свој живот го поминав во Барселона, бев дел и од Ла Масија и ова е навистина тешка одлука за мене, благодарен сум на сите во клубот. Ми претставуваше чест да ги бранам боите на клубот сите овие години. Наскоро не ќе можам да го дадам најдоброто, посебно тоа се однесува на физичката форма. Сакам да си заминам и да оставам простор на помладите. Секогаш ќе ја носам Барселона во моето срце. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене и во добро и во лошо“.

„Поминав толку убави денови и моменти, освоив многу трофеи, но ако мораме да изберам еден момент тоа е моето деби за овој клуб. Барса ми даде се во животот“

„Како што кажав никогаш нема да се натпреварувам против мојот клуб. На крајот од сезоната ќе го откријам името на клубот за кој ќе настапувам во иднина“.

Очекувањата се Иниеста да замине во Кина.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …