Италијанскиот стратег Антонио Конте, кој пред неколку дена доби отказ од кормилото на Челзи, денес со официјално соопштение се прости од лондонскиот клуб и му посака се најдобро.
Конте за две сезони поминати на „Стенфорд Бриџ“ ја освои Премиер лигата и ФА Купот, но не успеа да избори пласман во ЛШ за следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Би сакал да им се заблагодарам на сите пријатели во Челзи за работата и поддршката во изминатите две сезони. Им благодарам за се на играчите кои беа најважен дел од нашите успеси и ми беше задоволство да работам заедно со вас. Уживав во времето поминато во Лондон, а најмногу сакам да им се заблагодарам на фанобите кои цело време ми даваа поддршка и засекогаш ќе останат во моето срце“.
„Се надевам дека Челзи ќе продолжи со успесите и му посакувам се најдобро на тимот во предните сезони. За време на мојот престој во Челзи се здобив со пректасни спомени, кои ќе ги носам со себе и во следниот предизвик“, истакна Конте.