Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Оваа сезона Ориги настапи на три натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, на кои постигна 1 гол и запиша 1 асистенција.
Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но и милански Интер. Конте смета дека Ориги би бил идеална замена за Ромелу Лукаку и сака да го донесе во својот тим.
Лукаку и Ориги се во одлични односи и одлично соработуваат во белгиската репрезентација, па тоа може да биде клучно за трансферот.