Кариерата на белгискиот напаѓач, Ромелу Лукаку веќе со години е во пад и никако не успева да ја врати формата од периодот од 2019 до 2021 година кога под водство на Конте играше одлично во Интер.
Тогаш Интер го освои Скудетото, а Лукаку беше најдобар играч. Сега Конте сака да го доведе во Наполи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што пишува „Газета“, Наполи е заинтересиран за Лукаку и спремни се да платат оштета од 25 милиони евра. „Сините“ изгледаат спремно да ја прифатат оваа понуда бидејќи не сметаат на Лукаку, иако во неговиот договор има откупна клазула од 44 милиони евра.
Сепак доаѓањето на Лукаку зависи од Виктор Осимен, а се уште се чека понуда која би одговарала на Де Лаурентис.