Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку може да се врати во Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.
Приоритет на Челзи на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а прва желба е Ерлинг Халанд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, Норвежанецот е премногу скап, па Челзи сега ќе се сврти кон Ромелу Лукаку, а тренерот Тухел веќе дал зелено светло за трансферот.
Белгиецот одигра фантастично во дресот на Интер и беше најзаслужен за освојување на шампионската титула. „Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Челзи ќе се обиде да ги искористи и веќе стапил во контакт со агентите на Лукаку.
Интер не сака да го продаде Белгиецот, но доколку пристигне понуда повисока од 110 милиони евра, тогаш ќе биде приморан да ја прифати.
Челзи наводно нема да жали пари и е спремен да понуди 100 милиони евра плус бонуси.