Дома Фудбал Англија Конте по катастрофалниот пораз: Сета вина е кај мене

Конте по катастрофалниот пораз: Сета вина е кај мене

Италијанскиот стратег по тешкиот пораз во Вотфорд ја презеде вината на себе.

Во краткото интервју по мечот, АнтониоКонте истакна дека погрешил во изборот на стартната постава.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Тргна без класичен напаѓач, повторно почна со Азар како најистурен, што по којзнае кој пат се докажа дека е лошо решение.

Го изостави и Маркос Алонсо, Шпанецот не беше ниту во протоколот, Запакоста делуваше по левиот бок и токму тука најмногу не штимаше, Делофеу одлично функционираше на таа страна од теренот.

Сепак, клучниот момент беше раното исклучување на Бакајоко, „Плавите“ имаа еден часиграч помалку, а иако Азар се повлече на својата природна позиција по влегувањето на Жиру во игра, сепак на крајот доживеаа катастрофа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе бара 240 милиони евра, додека ПСЖ бара 180 од него

Килијан Мбапе беше во фокусот на судска битка помеѓу него и клубот Пари Сен-Жермен. Откако…