Дома Фудбал Англија Конте објасни: Еве зошто Коста пие пиво после секој натпревар!

Конте објасни: Еве зошто Коста пие пиво после секој натпревар!

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста сака да испие шише пиво после секој натпревар, а менаџерот на „сините“ Антонио Конте нема ништо против несекојдневната навика на својот напаѓач.

Италијанскиот тренер дури нагласува дека овој алкохолен напиток е дури добар за конзумирање после натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Да се испие едно пиво е добро за хидратација. Може да се испие едно пиво, добро е за опоравување, но само едно, не повеќе. Веднаш после натпревар, а не сат време подоцна“, објасни Конте.

„Во тимот имам врвни професионалци. Тренерот не треба да им каже ’ова прави го’ или ’ова не прави го’. Тие се професионалци и сигурен сум во нивниот став и однесувањето во вакви ситуации“, заклучи Италијанецот.

Диего Коста оваа сезона игра во фантастична форма и е еден од најзаслужните што Челзи се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…