Toтенхем оваа сезона во Лигата на шампионите ја заврши во осминафиналето и поделени се мислењата дали стигнување до нокаут фазата беше добар резултат за овој тим
Елиминацијата во таа фаза секако не е шок, но фановите на овој клуб се убедени дека можеа да го елиминираат Милан. Тотенхем против „росонерите“ не постигна гол во 180 минути и двомечот беше решен со голот кој го постигна италијанскиот тим во првиот натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По елиминацијата атмосферата во Тотенхем не беше добра, а Бразилецот Ришарлисон изрази незадоволство што Конте не го игра во стартниот тим, па својата сезона ја нарече сра*е. Сега стигна одговорот и од италијанскиот стратег.
„Слушнав што кажа Ришарлисон и не сфатив зошто ме критикува мене. Кажа „мојата сезона е ср*ње и во право беше, не е доволно добар. Почна добро, потоа дојдоа повредите, па Мундијалот од каде што се врати разочаран затоа што Бразил не ја исполни целта. Потоа повторно се повреди и тоа сериозно. Мислам дкеа беше навистина искрен кога кажа дека неговата сезона не е добра“, истакна Конте.