Дома Фудбал Италија Конте заминува, Интер почна преговори со Алегри

Конте заминува, Интер почна преговори со Алегри

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Антонио Конте не крајот на сезоната ќе го напушти Интер.

Конте е на добар пат да го освои Скудетото со Интер после цели 11 години, но на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој имаше несогласување со сопствениците и директорите и минатото лето, но сепак остана и оваа сезона постигнува одлични резултати.

Конте сака да си замине како победник и веќе донел одлука да се радели со „нероаѕурите“ на крајот на сезоната, а Интер веќе бара негова замена.

Прва на листата желби е Макс Алегри, кој е слободен откако го напушти Јувентус. Наводно директорот Марота веќе имал средба со Алегри и преговорите се во напредна фаза, а ќе биде официјализирано на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доживува семејната трагедија по смртта на неговио…