Милан влезе во серија од разочарувачки резултати, иако очекувањата на „росонерите“ оваа сезона беа многу големи.
Клубот веќе сериозно размислува за смена на Пиоли, бидејќи тренерот повеќе не ужива голема доверба кај раководството.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на Милан во јуни сигурно ќе доведе нов тренер, а најголема желба е Антонио Конте.
Конте е слободен и сака да се врати во Италија, а доколку му бидат ветени вложувања сигурно дека ќе седне на клупата на Милан.
„Росонерите“ уште во јануари ќе започнат преговори, но тешко е да се поверува дека Конте ќе прифати да седне на клупата на средина од сезоната.