Дома Фудбал Лига на шампиони Конте до новинар: Ви благодарам на стручниот совет, се надевам и јас еден ден ќе се вмешам во новинарството (ВИДЕО)

Конте до новинар: Ви благодарам на стручниот совет, се надевам и јас еден ден ќе се вмешам во новинарството (ВИДЕО)

Интер утре на свој терен ќе игра против Борусија Дортмунд во рамките од 3-тото коло во Лигата на шампионите.

Екипата на Антонио Конте не започна баш најдобро во ова натпреварување со оглед дека во 1-то коло одигра само 1:1 против Славија Прага, а потоа на „Камп Ноу“ беа поразени од Барселона со 2:1 иако водеа после првото полувреме.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Борусија како и Барселона има четири бода па победата на Интер беше императив и во овој натпревар ако сакаа да поминат во наредната фаза.

Тренерот на „нероаѕурите“ денес одржа прес конференција пред овој натпревар, а во неа видовме една интересна ситуација.

Имено, еден новинар му даде совет на Конте да ја промени позицијата на Лазаро и да го стави во врвот на нападот бидејќи многу се мачи на позицијата десно кирло. Конте му имаше спремено одговор.

„Ви благодарам на стручниот совет, се надевам дека еден ден ќе се вмешам во новинарството како вие што се обидувате да станете тренер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…