Интер се обидува да се ослободи од играчот за врска Раџа Наинголан, но во моментов нема заинтересирани купувачи, пренесуваат италијанските медиуми.
Единствена надеж на „нероаѕурите“ е Кина и се надеваат дека Наинголан ќе прифати да се пресели во Жиангсу Сунинг, клуб кој ги има истите сопственици како Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот пристигна на „Џузепе Меаца“ минатото лето од Рома, но одигра просечна сезона и неговата цена драстично се намали.
Италијанските медиуми тврдат дека Антонио Конте го сака Артуро Видал од Барселона, но за да се реализира тој трансфер потребно е да биде продаден Наинголан.
Видал имаше добра сезона во Барселона, но е отворен да се врати во Италија и повторно да соработува со Антонио Конте.
Каталонскиот клуб исто така нема да му стои на патот и за неговата слобода бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.