Дома Топ вести Конте го „краде“ Инсиње

Конте го „краде“ Инсиње

Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е нејасна, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.

Договорот на Инсиње со Наполи истекува на крајот на сезоната, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што се наведува малку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра, па сигурно ќе замине без обештетување на крајот на сезоната.

Медиумите шпекулираа дека најверојатно ќе се пресели во Милано, каде Интер и Милан покажуваат интерес за него, но последните вести се дека најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Наводно Антонио Конте имал разговор и го убедил Италијанецот да ја прифати понудата на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…