Дома Фудбал Англија Конте: Глупаво и тажно е во 2022 година да зборуваме за војна

Конте: Глупаво и тажно е во 2022 година да зборуваме за војна

Менаџерот на Тотенхме Антонио Конте се надева дека неговите играчи ќе продолжат со добрите настапи и ќе обезбедат место во четвртфиналето од ФА Купот.

Сепак, првото прашање на прес-конференцијата пред овој натпревар беше за ситуацијата помеѓу Русија и Украина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тажно е. Во 2022 година зборуваме за војна. Тоа е неверојатно и истовремено многу глупаво. На овој свет треба да владее мир, не треба да се губат човечки животи во вакви ситуации. Цел свет треба да се држи заедно“.

По тој коментар Италијанецот се врати на фудбалските теми.

„Знаете колку сакам да победувам. Ова е добро натпреварување. Имав среќа да играм финале две години во низа. Би сакал да ја продолжам таа традиција, посебно сега со Тотенхем и овие играчи. Не е лесно да се освои трофеј, не чека тежок ривал. Сакам да продолжиме со добри настапи, се надевам дека ќе одиграме добро и ќе поминеме понатаму“, изјави Конте.

Натпреварот помеѓу Миделсброу и Тотенхем на програмата е во вторник од 20:55 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…