Дома Фудбал Англија Конте ги собра новинарите во паб и ги почести пиво!

Конте ги собра новинарите во паб и ги почести пиво!

Челзи и Антонио Конте ја воодушевија целата фудбалска јавност, а Италијанецот почна да ги освојува срцата на сите во Англија.

Имено, пред пет дена по една од официјалните пресконференции на Челзи, менаџерот не им дозволил на новинарите кои редовно го следат Челзи да се упатат кон своите редакции, туку ги повикал на пиво со соседниот бар до „Стемфорд Бриџ“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Антонио беше многу пријатен, дури и зборлест. Испивме една тура пиво на негова сметка и минавме еден час во кој пријателски разговаравме на сите фудбалски теми. Мислам дека после овие шест месеци и разговорот во пабот на сите ни е јасно што направи Конте во Челзи за така краток временски период“.

„Остава впечаток дека во секој момент знае што бара од секој од своите фудбалери и дека раководењето со луѓето му е перфектно. Кога ќе се сетам минатата година во овој период Челзи беше на само три бода до зоната за испаѓање, а видете каде е сега“, истакна новинарот на ББС радио, Џин Саутхол.

Челзи вчера го победи Борнмут со 3-0 и ја запиша 12-та победа по ред, серија во која „сините“ примија само два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тинејџер од 60 милиони евра постигна голчиште против Челзи и наскоро потпишува со нив

Челзи успеа да се пласира во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако во четврт…