Дома Топ вести Конте ги постави условите, на Абрамович му се крена косата!

Конте ги постави условите, на Абрамович му се крена косата!

Челзи е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата, но Антонио Конте смета дека клубот мора да вложи огромни средства за засилувања за следната сезона.

„Мирор“ пренесува дека Конте од раководството на Челзи побарал четири засилувања од 200 милиони фунти, и сигурно останување во тимот на Диего Коста и голманот Куртоа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Наводно Конте сака да го засили тимот со двајца дефанзивци, еден играч за врска и еден напаѓач. Што се однесува до средниот ред најголема желба е Артуро Видал од Баерн за кого се тврди дека е спремен да се пресели во Премиер лигата, а неговата цена изнесува 50 милиони евра.

Кога е нападот во прашање прва мета е Алваро Мората од Реал Мадрид, а како алтернатива се споменува италијанската сензација Андреа Белоти.

Во одбраната Конте сака да донесе еден стопер и еден бек, а најголема желба е Леонардо Бонучи во кого Италијанецот гледа идеален партнер за Давид Луиз.

На позицијата бек смета дека идеално решение ќе биде Матија де Шиљо од Милан кој може да игра подеднакво добро и по левата и по десната страна.

Челзи е наводно спремен да му ги исполни желбите на својот тренер, а веќе е спремен и нов договор со кој Конте би требало да остане на „Стенфорд Бриџ“ во наредните три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тео Хернандес го стигна Малдини, овој му порача: Ти си специјален!

Милан синоќа запиша рутинска победа против Лече со 3:0, а еден од головите беше дело на Те…