Дома Трансфер зона Конте ги откри имињата, Роман ти си на потег за МОЌЕН Челзи!

Конте ги откри имињата, Роман ти си на потег за МОЌЕН Челзи!

Антонио Конте ги откри имињата, а доколку претседателот Абрамович ги исполни неговите желби нема сомневање дека Челзи ќе има еден од најсилните тимови во Европа.

Први на листата се двата фудбалери од неговиот поранешен клуб, Леонардо Бонучи и Дани Алвеш. Со Бонучи Конте одлично соработуваше во Јувентус.  Потоа следи голманот на Селтик, Крег Гордон.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Но, во Јувентус сигурно нема лесно да се откажат од услугите на еден од најдобрите дефанзивци во Европа, сепак доколку Роман одлучи да го “одврзе ќесето“ ништо не е невозможно.

Кога е средината во прашање, Бакајоко од Монако практично е играч на Челзи, а тоа би можело да значи заминување на Сеск Фабрегас, „Сините“ го сакаат Верати од ПСЖ, но тој засега се смета за нереална мета.

Доколку го доведе Дани Алвеш, Конте би можел да ја игра својата омилен 3-5-2 формација. Преостанатите двајца се Родригез и Ди Мариа. Колумбиецот е полесна мета, но Конте повеќе го сака Аргентинецот.

Во случај замислите на Конте да се реализираат тимот на Челзи би изгледал вака:

Куртоа

Бонучи, Луиз, Кејхил

Алвеш, Матиќ, Канте, Маркос Алонсо

Ди Мариа, Лукаку Азар.

Со овој играчки кадар Конте би можел и да ја менува формацијата во 4-4-2, одлични алтернативи би имал во Аспиликуета, Бакајко, Педро, Мосес, а се очекува да се вратат и некои од играчите кои се позајмени.

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На „Енфилд“ загрижени поради договорот на Арнолд, Реал веќе ги направил првите контакти

На крајот на актуелната сезона истекува договорот на Трент Александер Арнолд, а навивачите…