Давиде Алаба иако има само 27 години дефинитивно има статус на икона во редовите на Баерн.
Австриецот од Виена како 16 годишник дојде во Баерн и за првиот тим на Баерн одигра скроо 400 натпревари, сепак сега изгледа е отворен за нов предизвик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алаба и самиот изјави дека е спремен за нов предизвик, па затоа започна да се поврзува со најголемите клубови на денешницата. Последен во низата е Интер.
Медиумите во Италија тврдат дека Интер сериозно се вклучил во борба за потписот на Алаба. Најголема причина за интересот на Интер е Антонио Конте кој сакаше да го доведе уште во Челзи.
„Конте верува дека Алаба одлично би се вклопил во неговиот систем на игра“, пишуваат медиумите во во Италија.
Конкуренција на Интер за Алаба би можеле да му бидат шпанските гиганти Барселона и Атлетико Мадрид.
Инаку, фудбалерите од Австрија до сега не се снаоѓаа најдобро во Интер. Една година во клубот помина Марко Арнаутовиќ, а неодамна брзо си замина и Валентино Лазаро.