Дома Топ вести Конте влегува „all-in“ за „петелот“ од Торино!

Конте влегува „all-in“ за „петелот“ од Торино!

Антонио Конте ќе добие околу 200 милиони евра за летниот преоден рок, со цел од Челзи да направи конкурентна екипа која ќе може да атакува на триумф во Лигата на шампиони.

Челзи е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата, но оваа сезона не играат европски натпреварувања, па јасно е дека следната сезона ќе треба да го засилат тимот за настап во Лигата на шампиони.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Наводно раководството спремило 200 милиони евра за трансфери, а прва желба на Конте е сензацијата од Торино, напаѓачот Андреа Белоти.

„Петелот“, како што го викаат во Италија, во моментов е прв стрелец во Серија А со 22 постигнати гола и е мета на многу европски гиганти.

Конте сака да има во тимот двајца напаѓачи од светска класа, а со оглед на фактот што Батчуаи не се снајде баш најдобро, Италијанецот сака да го донесе неговиот сонародник.

Белоти во договорот има откупна клаузула од 100 милиони евра, но се верува дека „сините“ ќе можат да го обезбедат неговиот потпис со понуда од 65 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …