Конор Мекгрегор во раните утрински часови помеѓу сабота и недела (околу 5 часот по наше време) повторно ќе влезе октагон и противник ќе му биде Кабиб Нурмагомедов.
Додека целиот боречки свет зборува за оваа борба, Ирецот е спремен да договори уште еден гоелм меч и тоа против легендарниот – Андерсон Силва!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот е поранешен шампион во средна категорија и важи за еден од најдобрите борци во светот, а во овој момент е под суспензија поради допинг.
Иако има 43 години Силва сака да се врати во рингот, па му предложил борба на Мекгрегор и ирскиот ММА борец истата ја прифатил.
„Заинтересиран сум за борба против Андерсон Силва. Тој е легенда, јас сум легенда и да одиме да одработиме за навивачите. Убеден сум дека навивачите ширум светот ќе сакаат да ја видат нашата борба“, изјави Мекгрегор.
Силва според проценките на многумина е еден од најдобрите борци кои се појавиле во ММА спортот. Во кариерата има скор од 34-8.