Александре Лаказет денес пристигна во Лондон каде во наредните часови треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор со Арсенал.
Добро информираниот „Би-Би-Си“ потврди дека Лаказет утрово пристигнал во тренинг кампот на Арсенал и дека во текот на денот ќе бидат познати сите детали.
Според првичните информации Арсенал за Лаказет ќе плати 53 милиони евра, па така Французинот ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот.
Лаказет ќе потпише договор на 5 години, а медиумите најавуваат дека следна цел на Арсенал ќе биде Ријад Марез од Лестер, па доколку навистина пристигне и Алжирецот, „топџиите“ ќе формираат „напад од соништата“.