Дома Фудбал Италија Конечно после толку време Мончи откри зошто ја напуштил Рома

Конечно после толку време Мончи откри зошто ја напуштил Рома

Поранешниот спортски директор на Рома, Мончи и понатаму е една од главните теми на Апенините.

Мончи во 2017 година пристигна во Рома од редовите на Севиља со цел да направи тим кој ќе ја прекине доминацијата на Јувентус и ќе донесе Скудето во Рим. Сепак, неговиот план беше неуспешен. Кога Рома влезе во посериозна криза тој одлучи да го напушти клубот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако ја напушти Рома, Мончи набрзо се врати во Шпанија во редовите на Севиља. Во медиумите се пишуваше дека токму неговата желба да се врати во Шпанија била причината што ја напуштил Рома.

Мончи добиваше голем број критики поради очајниот преоден рок со кој ги уништи надежите на Рома за оваа сезона. Сега тој конечно после заминувањето за прв откри зошто го напуштил Рим.

„Најтешко ми беше што моето семејство беше далеку од мене. Тоа едноставно не можев да го издржам. Се се случи порано отколку што очекував, но не жалам поради тоа што се случуваше“, изјави Мончи, а потоа ја избра најдобрата и најлошата вечер од времето додека работеше во Рома.

„Најдобрата ноќ сигурно беше кога ја исфрливме Барселона, а најлошата кога испаднавме од Порто. Сигурно дека еден ден ако имам прилика би се вратил во Рома, но тоа нема да се случи во блиска иднина“, заврши Мончи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато што го убедило и зошто Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …