Дома Фудбал Конечно добри вести за Зидан

Конечно добри вести за Зидан

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби добри вести на денешниот тренинг бидејќи се вратија Серхио Рамос и Еден Азар.

Белгиецот го пропушти вчерашниот тренинг поради болки во мускулите, но денес помина еден дел од тренингот заедно со своите соиграчи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Азар не можел до крај да го одработи тренингот, но неговата ситуација е подобра и се очекува наскоро да се врати на терените.

Капитенот на тимот Серхио Рамос, кој е надвор од терените уште од мечот во Суперкупот, исто така денес ги обнови тренинзите.

Сепак, Зидан нема да брза со неговото враќање на терените се до негова целосна рехабилитација и викенов дефанзивецот најверојатно нема да биде повикан за настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Падна отказ во Ливерпул!

Арон Бригс го засили Ливерпул во јули 2024 година кога ја презеде улогата на тренер за пре…