Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа на свој терен го победија Лестер со 1:0 на коло пред крајот во англиската Премиер лига.
Граѓаните со овие три бода се вратија на лидерската позиција и пред последното коло имаат се во свои раце. Сити со победа ќе ја одбрани титулата, додека Ливерпул ќе се надева на кикс на гостувањето кај Брајтон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јунакот на синоќешниот натпревар беше Винсент Компани кој беше единствен стрелец и тоа на спектакуларен начин. Белгијанецот го постигна голот на кариерата и му ја донесе на Сити една од најважните победи оваа сезона.
Компани изминативе години мака мачеше со повредите, но успеа да се врати. Колку му значеше овој погодок и целата поддршка од трибините најдобро покажува видеото кога пушти солзи после натпреварот додека ги поздравуваше навивачите.
Captain Kompany ?
Tears in his eyes! @ManCity #CmonCity pic.twitter.com/TTqQRZIrep— Bhagyäsh Patíl (@bhagyashpatil) May 6, 2019