Вардаровите навивачи на Вардар го исполнија ветеното и денес донираа средства во борбата против пандемијата.
„Комитите“ уште еднаш покажаа дека имаат големо срце. Тие донираа заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција во Скопската клиника каде што се води најголемата битка кај нас.
Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска
Тие се огласија со официјално соопштение на нивната Фејсбук страна.
„Со цел подобро справување со вирусот Ковид 19, кој доби Пандемиски размери, денес ја посетивме Скопската Клиника и дониравме 1000маски, 40 Заштитни мантили и десетици средства за дезинфекција. Истите ќе бидат распределени онаму каде што се најнеопходни.
Комитски е овојпат да останеме дома, со тоа ќе спречиме вирусот да се прошири и стигне до оние кои имаат послаб имунитет, до хронично и тешко болните. Заедно да им дадеме шанса и ним за праведна борба и победа.
Вашата борба е и наша борба“.