Дома Фудбал Останато Комедија во Шпанија: Гетафе против Ајакс правеше се за да не се игра фудбал! (ВИДЕО)

Комедија во Шпанија: Гетафе против Ајакс правеше се за да не се игра фудбал! (ВИДЕО)

Гетафе вчера во 1/16 финалето од Лигата на Европа го победи Ајакс со 2:0.

По малку изненадувачки резултат во предградието во Мадрид, а победата на домаќините ја обезбедија Дајверсон и Кенеди.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Овој натпревар го обележија бројни прекршоци и обиди на домаќините да добијат на време и на крајот успеаа во својата цел.

Неверојатно звучи податокот дека топката во овој натпревар во игра била само 42 минути и 36 минути што е нешто незабележано во светот на фудбалот.

Напаѓачот на Ајакс, Рајан Бабел беше толку исфрустриран што во овој момент глумеше повреда алудирајќи на она што го правеа играчите на Гетафе во текот на целиот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразил има чудо од голман: Одбрани шест пенали во два натпревари!

Младиот голман на Сантос, Жоао Педро, се истакна на голот на Бразил на Светското првенство…