Дома Фудбал Останато Куман прави значителни потези веднаш по преземањето: Робен ги прекинува пензионерските денови?!

Куман прави значителни потези веднаш по преземањето: Робен ги прекинува пензионерските денови?!

Новиот селектор на Холандија, Роналд Куман е подготвен да го врати Арјен Робен од пензија.

Откако Холандија не успеа да се пласира на СП, Робен се повлече и објави крај на репрезентативната кариера, но ѕвездата на Баерн би можел да се врати иако има 34 години.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Дали ќе одам да го проверам Робен? Зошто да не. Секако дека тоа е играч кој ни недостатува и кој би бил добар во секој тим“, истакна новиот селектор на Холандија.

Робен се одлучи за завршницата на кариерата, а има 34 години, дел е од клупскиот фудбал, па не е исклучено да се врати во репрезентацијата, токму како и Весли Снајдер кој има 33 години.

Во секој случај, холандската јавност се надева дека Куман ќе биде полн погодок и дека конечно оваа репрезентација ќе се врати на патеките на старата слава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…