Дома Фудбал Колумбија ќе прогласи неработен ден доколку ја победи Аргентина во финалето на Копа Америка

Колумбија ќе прогласи неработен ден доколку ја победи Аргентина во финалето на Копа Америка

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро најави дека понеделник ќе биде неработен ден во таа јужноамериканска земја доколку колумбиската фудбалска репрезентација победи во финалето на Копа Америка.

За потсетување, ноќта од недела кон понеделник, по средноевропско време, Аргентина и Колумбија ќе го играат финалето на Копа Америка на стадионот Хард Рок во Мајами.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Репрезентацијата е симбол на единството. Ако победиме во финалето, ќе славиме со денот на граѓаните и денот на единството на колумбискиот народ“, рече Петро, ​​најавувајќи дека сите државни служби би добиле слободен ден, а воедно ги повика приватните компании во тој случај да им дадат слободен ден и на своите работници.

Заедно со Уругвај, аргентинските фудбалери се рекордери на Копа Америка со 15 освоени титули. Колумбија која во полуфиналето го победи Уругвај со 1:0 има само една титула. Тоа се случи во 2001 година кога таа го организираше ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кеисуке Хонда на 40 години најде нов клуб!

Кеисуке Хонда, поранешен играч на Милан и јапонската репрезентација, ја продолжува својата…