Дома Трансфер зона Колумбиската легенда го советува Хамес: Оди во Манчестер Јунајтед!

Колумбиската легенда го советува Хамес: Оди во Манчестер Јунајтед!

Легендата на колумбискиот фудбал, Фаустино Асприља го советува својот сонародник Хамес Родригез да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Хамес нема иднина во Реал Мадрид и ова лето сигурно ќе ја промени средината, а интерес за неговиот потпис покажуваат неколку европски гиганти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Олд Трафорд би бил идеално место за Хамес. Тамо веќе неколку години не освојуваат трофеи и планираат да направат победнички тим. Јунајтед располага со добри фудбалери и сметам дека Хамес лесно ќе се вклопи во тимот“.

„За него е важно да биде во клуб каде редовно ќе игра и ќе се чувствува важен. Со својот квалитет Хамес може да игра каде што ќе посака“, смета Асприља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…