Помеѓу љубителите на Формула 1 секогаш постои желба да се знае кој е најплатен возач во „најбрзиот циркус во светот“.
„Бизнис Бук“ е незавина истражувачка компанија која веќе девет години ја истражува ситуацијата во Формула 1. Сега таа објави листа од 20 најплатени во 2019 година.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Убедливо најплатен е Луис Хамилтон кој во Мерцедес добива 42 милиони евра по сезона, седум повеќе од возачот на Ферари Себастијан Фетел.
Трет на листата е Даниел Рикардо со плата од 20 милоони додека Макс Верстапен во Ред Бул Хонда има годишна заработка од 12 милиони евра.
Нико Хулкенберг и Валтери Ботас заработуваат по осум милиони, Кими Раиконен шест, а Карлос Санјц и Серхио Перез по четири милиони.
Чарлс Леклер е платен три милиони, додека Роман Грожан и Кевин Магнусен имаат плата од два милиони евра.
Ленс Строл и Пјер Гасли годишно од плата инкасираат 1.5 милион евра, а Роберт Кубица точно еден милион.
Дури пет возачи имаат плата од еден милион евра. Александар Албон и Денил Квајт заработуваат по 750.000 евра, Ландо Норис има плата од 700.000 евра, а Џорџ Расел и Антонио Џиованчи заработуваат по 500.000 евра.