Дома Останати Ракомет Кокшаров: Против Кјелце ако треба ќе играме и со голман како бек

Кокшаров: Против Кјелце ако треба ќе играме и со голман како бек

Вардар вчера играше во изменет состав, но и во таков го победи Мотор Запорожје со 44:37 во рамките од СЕХА лигата.

Тимот на Вардар има сериозни проблеми со повреди, па и на оваа средба Кокшаров користеше крила како бекови. По натпреварот тренерот на Вардар порача дека против Кјелце во сабота ако треба ќе играат и голманите како бекови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Имаме две опции или се предаваме и воопшто не одиме или одиме по победа. Јас верувам и ако треба ќе играме и со голман како бек. Пред натпреварот изјавив дека имаме планови и скоро 40 минути бевме главни на теренот. Од бековите го имаме само Скубе, па и втор натпревар во низа крилата ни играа како бекови. Сепак, ситуацијата е таква и сега мислиме на натпреварот со Кјелце во сабота“, изјави Кокшаров.

Фото: Рк Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Билетите путшени во продажба: Вардар ги одредени цените за дербито со Алкалоид и натпреварот со Мелсунген

Од вчера се пуштени во продажба билетите за следните два натпревари на Вардар н адомашен т…