Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Кока-Колата можеше да биде кобна за Кристијано Роналдо (Фото)

Кока-Колата можеше да биде кобна за Кристијано Роналдо (Фото)

Кристијано Роналдо постигна два гола против Франција и со тоа ја однесе Португалија во осминафиналето на ЕП.

Роналдо во дуелот кој се играше во Будеимпешта два пати погоди од белата точка и стигна до цифрата од 109 погодоци во дресот на репрезентацијата.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Прославата за израмнувачкиот погодок можеше да биде кобна за најпопуларниот фудбалер на денешницата, ако еден од навивачите на Триколорите беше попрецизен.

Имено, еден од навивачите фрли шише Кока-Кола која помина покрај главата на Роналдо и за малку беше избегнат нов скандал на ЕП.

Некои велат дека шишето дури го погодило Роналдо во пределот на вратот бидејќи неколку минути подоцна беше снимен како се држи на тој дел од телото.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е rona.png
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Поранешната голема надеж на Тотенхем може да ја заврши кариерата на 29 години

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али, кој во едно време се сметаше за еден од нај…