Австралиското семејство Шнепф патуваше 17.000 километри за синот Руди да го доведе на натпреварот помеѓу Барселона и Лас Палас.
Идол на малиот Руди е Бразилецот Нејмар, па тие уште пред три месеци резервираа карти за овој натпревар, но она што им се случи не можеа ниту да го сонуваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не само што Нејмар за 222 милиони евра премина во ПСЖ, туку семејството од Мелбурн го избра токму натпреварот против Лас Палмас кој поради нередите во Барселона се играше без публика.
Несреќното семејство пред „Ноу Камп“ каде што се сликаа ги сретна новинар на америкаснкиот „ЕСПН“.
„Ова е апсурдно. Немам зборови“, само кратко прокоментира Лиса Шнепф.
At Camp Nou. Much confusion. Speaking to this family who've travelled from Melbourne…booked 3 months ago to see Neymar. pic.twitter.com/xC0mt252uo
— Andy Mitten (@AndyMitten) October 1, 2017