Дома Фудбал Англија „Кога ќе го видам Солскјер, ќе му влезам со лизгачки старт“

„Кога ќе го видам Солскјер, ќе му влезам со лизгачки старт“

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман со нетрпение го очекува натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.

Наглесман кој е голем навивач на Баерн Минхен, се уште не може да го преболи поразот од Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите на 26.мај 1999 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Нагелсман тогаш имал 11 години, а посебно го памети Оле Гунар Солкјер, кој постигна гол во продолжението.

„Кога ќе го видам ќе му влезам со лизгачки старт“, се пошегува Нагелсман пред новинарите.

„Бев несреќен по тоа финале. И мојот татко ме провоцираше, тој е голем навивач на Борусија Менхенгладбах. Беше среќен поради поразот на Баерн“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тог…