Дома Фудбал Лига на шампиони Кога ќе ги прочитате овие податоци ќе ви биде јасно зошто Барса бара нов напаѓач

Кога ќе ги прочитате овие податоци ќе ви биде јасно зошто Барса бара нов напаѓач

Уругвајскиот напаѓач, Луис Суарез (32) буквално спие во последните сезони на гостувањата во Лигата на шампионите.

Барселона вчера му гостуваше на Лион и одигра 0:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, а она што го обележи или подобро кажана што не го обележи овој натпревар беше очајната игра на Луис Суарез.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Суарез не успеа да ја затресе мрежата на Лион со што е продолжена агонијата кога во прашање се гостинските натпревари на Уругваецот во Лигата на шампионите.

Последниот гол Суарез на едно гостување во Лигата на шампионите го постигнал уште во 2015 година во натпреварот против Рома. Дури 25 часа, односно 1500 минути не се израдувал кога Барселона играла како гостин. Изминатите 16 натпревари не постигнал гол.

Исто така постигна само четири гола на 25 натпревари во Лигата на шампионите, а вкупно во последните 15 натпревари без разлика дали се работи за натпревар на „Ноу Камп“ или надвор од него, искусниот напаѓач постигна само еден гол. Оваа сезона на пет натпревари во најелитното европско натпреварување само еднаш се запишал во листата на стрелци.

Поради ваквите податоци јасно е зошто во последно време Барселона е во потрага по нов напаѓач, а дека и самиот Суарез е свесен за тоа потврди неодамна.

„Имам веќе 31 година и за мене е нормално Барселона да бара нова деветка. Сите ние имаме рок на траење“, изјави неодамна Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…