Рафаел Надал вчера со фантастичен пресврт во Мелбурн во финалето на Австралија Опен против Данил Медведев дојде до рекордната 21-ва гренслем титула во кариерата.
Дебатата за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња трае од поодамна. За многумина тоа е Федерер поради трофеите и елегантниот стил, за други Надал поради одличната физичка подготвеност и сега тенисер со најмногу гренслем титули во кариерата, а за трети Ѓоковиќ кој има најмногу недели поминато на првото место на АТП листата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека се дебатира на социјалните мрежи се појави видео во кое Ѓоковиќ му се обраќа со Надал – за мене ти си најдобриот во историјата. Станува збор за момент од 2011 година на Индијан Велс.