Oткако пристигна веста дека Луис Суарез се повреди, пред нешто повеќе од две недели, Барселона е во потрага по негов наследник.
Суарез поради повреда ќе биде надвор од терените четири месеци, а Барселона сака да доведе замена на неговата позиција. Оваа зима Барселона листата имаше имиња како Вернер, Бен Једер, Ричарлисон, Мартинез, Тадиќ…Меѓутоа со никој од нив не влегоа во сериозни преговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На главните оперативци на Барселона почнува да им снемува време бидејќи преодниот рок во Шпанија завршува утре на полноќ, а замена за Суарез на повидок нема.
Последното име кое се доведува во врска со Барселона е Франсиско Тринкао од Брага кого португалските медиуми го нарекуваат „новиот Роналдо“. Тринкао има 20 години и е член на младата репрезентацијата на Португалија, пред една година преговараше со Јувентус, но на крајот спортскиот директор Фабио Партичи се откажа од тој трансфер.
Се проценува дека 20-тина милиони евра ќе бидат доволни за Брага да го ослободи Транкао. Ќе потсетиме, Кике Сетиен изјави дека очекува засилување, но потенцираше и дека нема да прави проблем ако го нема.