Дома Фудбал Репрезентации „Кога Македонија ја победи Германија, зошто ние да не ја победиме Австралија?“

„Кога Македонија ја победи Германија, зошто ние да не ја победиме Австралија?“

За победата на Македонија над Германија слушна целиот свет, а доказ за тоа е и последната изјава на селекторот на Непал, Абдулах Алмутари.

Имено, селекторот на Непал ја искористи победата на Македонија како мотивација за неговите фудбалери кои наредниот месец ќе играат со Австралија во мундијалските квалификации.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога Македонија ја победи Германија, зошто ние да не ја победиме Австралија? Ако седиме во шеснаесетник и само се браниме тогаш сигурно дека ќе изгубиме, но ако играме офанзивно и напаѓачки тогаш се е можно. Нема да е срамота ако изгубиме од Австралија затоа и нема што да изгубиме. Македонија против Германија покажа дека ако играте на победа против кого и да е се може да се случи“, изјави Алмутари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лацио подготви 30 милиони за италијански репрезентативец, но Интер одби

Лацио направија доцен обид да го ангажираат играчот на Интер Давиде Фратези, известува Џан…