Дома Луд Спорт Кога едно дрво е поважно од „најважната споредна работа“ – фудбалот

Кога едно дрво е поважно од „најважната споредна работа“ – фудбалот

Учениците од средното училиште во Пекинг, Јукаи, мораат да бидат многу внимателни кога играат на одлично одржуваниот училишен фудбалски терен, поради присуството на дрвото кое се наоѓа речиси во централниот дел од игралиштето.

Што бара ова дрво таму? Еве што вели приказната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јукаи е опкружено со разни историски важни објекти, а ова бил единствениот достапен простор за изградба на фудбалски терен. Пред да почне со изградба на игралиштето, школото побарало дозвола не да го исече, туку да го пресади дрвото на некое друго место, но биле известени дека е стотици години старо и дека е сметано за национално богатство, а преместувањето би било „премногу ризично“. Па така, училиштето немало друг избор освен да го изгради теренот околу дрвото… Освен можеби да не го изгради, но со оглед дека зборуваме за Пекинг и огромен број ученици, тешко дека тоа било легитимна опција.

Инаку Yucai High School се наоѓа на територијата на пекингшките Кралски Градини на династиите Минг и Квинг, а Beijing News тврдат дека дрвото е најстарото во Пекинг. Не можевме да ја потврдиме таа информација, бидејќи повеќето извори тврдат дека е старо „само“ околу 100 години.

Теренот на кој се наоѓа дрвото служи само за тренинзи (далеку, далеку поубав и поодржуван терен од многу наши стадиони на кои се играат официјални натпревари), бидејќи официјалните натпревари се играат на друг стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Лапорта не се шегува: Барелона има план за најпосакуваниот напаѓач во Европа

Eкипата на Барселона се соочува со финансиски проблеми, но во каталонскиот гигант веруваат…