Дома Македонски спорт „Кога дојде Милевски го сменија и шоферот затоа што бил од времето на Мрме“

„Кога дојде Милевски го сменија и шоферот затоа што бил од времето на Мрме“

Бобан Николов кој одреден период не добива повик во репрезентацијата на Македонија беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров каде што зборуваше на повеќе теми, случувањата во репрезентација, но и односот со поранешниот селектор Игор Ангеловски и сегашниот Благоја Милевски (ТУКА).

Николов откри зошто е разочаран од Милевски и што најмногу го погодило (ТУКА), додека за Ангеловски имаше пофални зборови.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Мрме ја презема А репрезентацијата кога бевме на дното. Бевме од У21 на неговиот прв натпревар, Македонија играше против Црна Гора, а на стадионот имаше може 100 луѓе. Направи навистина многу за репрезентацијата, а потоа се случи тој сплот на У21 и сениорската репрезентација, еден спој на млади и стари. Ние дојдовме како фудбалери кои веќе направиле такво нешто во младинска конкуренција и си рековме ајде тоа да го направиме уште еднаш, тука ги имавме Пандев, Ристовски, Адеми, Тричковски…

Потегот да го врати Пандев, Николов го оценува како најважен во целиот успех.

„Најголемиот потег му беше враќањето на Пандев во репрезентацијата. Со неговото враќање веќе 50% од сонот беше остварен. Пандев е големо име да го имаше само во екипата, а тука имавме и многу други големи играчи. Се направи една сплотеност и хемија.

Колку и да зборувам, резултатите си го кажуваат своето. Тоа се резултати кои никој не може да ги избрише. Кога дојде никој не веруваше, немаше луѓе на стадионот, успеа да ја сплоти македонската јавност, да ја натера да се надева. Сите заедно со него дававме некоја надеж и на крајот навистина успеавме. Колку што времето поминуваше, така публиката се повеќе доаѓаше.

„Не се пласиравме случајно на тоа Европско првенство, ја победивме и Германија која 20 години немаше изгубено натпревар во квалификации на домашен терен. Нема потреба премногу да се зборува за луѓе како Мрме и Пандев, тоа се големи имиња“.

Беше запрашан Николов и дали во федерацијата се обидувале да го сменат пред Европското првенство на кое тој ја одведе Македонија.

„Да, на Мрме му истекуваше договорот во јануари. Се случи ситуација, потпиша само шест месеци, сакаше да истурка се до крај. На крај заврши Европско првенство, се повлече Горан, на еден начин се повлече и тој“.

„Фудбалот понекогаш е суров, не сакам да навлегувам во некои одлуки, си одлучуваат тие што одлучуваат. Јас ќе му бидам благодарен за се што направи во тие пет години.

Се обиде со една ситуација Николов и да опише колку многу се менувале работите со смената на селекторот.

„Кога Милевски стана селектор се смени и шоферот на автобусот затоа што бил од времето на Мрме. Се сменија многу работи, нема врска секој си има визија. Мрме ја остави репрезентацијата кога таа беше на највисоко ниво, тоа е така“, посочи Николов.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА НИКОЛОВ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…