Репрезентациите на Франција и Аргентина ќе ја отворат елиминациската програмата на Мундијалот во Русија денес во директен судир во Казан во 16 часот.
Ова е првиот дуел помеѓу два поранешни светски шампиони на терените во Русија и предизвикува огромен интерес. Букмејкерите мала предност и даваат на Франција која располага со огромен потенцијал и млад состав, но „гаучосите“ во својот тим го имаат генијалецот Лео Меси за кого ова е последна шанса да освои голем трофеј со националниот тим.
Традиција и статистика
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова ќе биде прв дуел меѓу двете репрезентации во елиминациската фаза на едно Светско првенство. Франција и Аргентина одиграле 12 натпревари до сега и предноста е на страната на „гаучосите“ кои имаат 6 победи, а „петлите“ само две. Притоа, Аргентина не примила гол на осум од последните 11 меча против „триколорите“.
Статистиката пак покажува дека Франција нема пораз од јужноамерикански тим во елиминациската фаза уште од Мундијалот во 1978 година, кога загуби токму од Аргентина со 2:1. Од 1986 година Французите секогаш го поминувата осминафиналето, со исклучок на 2002 година кога не ја поминаа групната фаза. Аргентинците ја поминуваат групната фаза по 12-ти пат, а исклучокот е во исто така во 2002 година кога беа елиминирани во групите.
Франција неубедлива, Аргентина се извлече
Двата гиганти на светскиот фудбал во групната фаза не не убедија во своите претенции за освојување на трофејот, но во елиминациите нема втора и трета шанса, па тоа ќе ги натера да го извадат најдоброто од себе во „Казан Арената“.
„Гаучосите“ си поиграа со нервите на фановите, откако се провлече во осминафиналето со гол на Маркос Рохо во последните минути на мечот против Нигерија. Французите исто така беа неубедливи кога е играта во прашање, но запишаа две победи против Австралија и Перу, па во последното коло им беше доволно реми за да бидат победници во групата.
Дуелот Канте – Меси ќе биде решавачки
Денешниот дуел ќе се решава на средината на теренот. Двете репрезентации имаат одлични напади, а предноста на Французите е секако одбраната која е многу подобра и посолидна во однос на одбраната на Аргентинците. Сепак, решавачките битки ќе се водат на средината од теренот, каде „триколорите“ ќе се обидат да го лимитираат протокот на топки до Лео Меси и со тоа ќе го примораат да се враќа далеку од голот за да прими топка. Тука Франција е во предност бидејќи има силен и технички добар среден ред. Клучот секако треба да биде Нголо Канте кој треба да ја пресече врската Банега – Меси, притоа секоја одземена топка на средината на теренот ќе значи можност за контранапад преку брзите Мбапе и Гризман, кои се супериорни во однос на аргентинската одбрана.
Во тој поглед Франција е во предност на денешниот дуел, но тадицијата вели дека Аргентина тешко губи кога има „петли“ од спротивната страна.
Веројатни состави:
Франција (4-2-3-1): Лорис, Хернандез, Умтити, Варан, Павард, Матуиди, Канте, Гризман, Погба, Мбапе, Жиру.
Аргентина (4-3-3): Арамни, Таљафико, Рохо, Отаменди, Меркадо, Перез, Банега, Маскерано, Ди Марија, Меси, Игуаин.
За победа на Франција, обложувалницата на Coinbet24 нуди 2.38. За натпревар без победник ќе си добиете коефициент 2.96, додека за победа на Аргентина, коефициентот е 3.40.
Предлог тип:
Двата тима даваат гол @2.15 во Coinbet24
Реми на полувреме @2.02 во Coinbet24