Дома Фудбал Германија Ковач: Навистина немаше контакт, понудата од Баерн ја добив вчера

Ковач: Навистина немаше контакт, понудата од Баерн ја добив вчера

kovac

Нико Ковач се појави на првата конференција откако Баерн Минхен објави дека Хрватот на лето ќе биде новиот тренер на германскиот шампион.

„Пред една недела изјавив дека во тој момент немаше никакви контакти со Баерн. Тоа се промени вчера кога добив повик и понуда од Минхен“, изјави Ковач кој неодамна демантираше дека заминува од Франкфурт.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тогаш тој изјави дека има намера да го одработи својот договор до летото 2019 година.

„Ја прифатив понудата, а потоа ги известив Фреди Бобиќ и Бруно Хубнер. Утрово ги известив и играчите, им објаснив дека сега јас не сум важен и дека се важни нашите цели оваа сезона. Тоа што се случи не смее и нема да влијае на следните натпревари. Ќе продолжиме да работиме како и до сега“, истакна Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…