Дома Актуелно Клупскиот фудбал конечно се враќа: „Гори“ сè од Лондон до Неапол

Клупскиот фудбал конечно се враќа: „Гори“ сè од Лондон до Неапол

Љубителите на клупскиот фудбал едвај го дочекаа крајот на репрезентативната пауза која траеше две седмици, па сега се фокусирани кон најквалитетните фудбалски лиги во Европа. Ќе биде возбудливо во пресметките на „стариот континент“, а оние кои покрај што уживаат во фудбалот го сакаат и обложувањето, може да типуваат во MOZZART и со најдобрите квоти и комбинации – добро да заработат.

Три фудбалски дербија ќе го одбележат претстојниот фудбалски викенд. Сите очи ќе бидат вперени кон Лондон, Неапол и Мадрид, каде ќе се играат три мега-пресметки – Мурињо и Тотенхем ќе го предизвикаат Манчестер Сити на Пеп Гвардиола, фудбалската „романтика“ во калчото ја имаат Наполи и Милан, додека во Примера е големото дерби меѓу Атлетико Мадрид и Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


>>> Сите квоти на мечот Тотенхем – Манчестер Сити во MOZZART

Мурињо беше последниот кој се наслади на трите бода (во февруари Тотенхем победи со 2:0), но Пеп Гвардиола, кој тукушто доби нов договор од „граѓаните“, има многу мотиви за одмазда. Кога ќе се земат предвид сите случувања, MOZZART дава предлог – типот е 3+ затоа што квотата е 1,55 и е доста добра, посебно ако ја комбинирате со некој од другите типови, може додатно да порасне. За оние кои сакаат повисоки квоти и се хазардери, верувајте му на Мурињо – победа на разиграниот Тотенхем доста добро се исплати (3,90).

>>> Сите квоти на мечот Атлетико – Барселона во MOZZART

Атлетико Мадрид, пак, е погоден од коронавирусот во најлош можен момент. Заразен е најдобриот фудбалер Луис Суарез, па тој нема да може да игра против „својата“ Барселона. Она што може да го радува Симеоне е фактот дека играчите кои играа за репрезентациите имаа солиден викенд. Жоао Феликс и Ренан Лоди беа доста расположени за Португалија и Бразил.

Ама, традицијата воопшто не е на страна на Атлетико. Симеоне по доаѓањето во Мадрид во 2011 година ниту еднаш не ја победи Барселона во Ла Лига. Последната победа на „јорганџиите“ над овој ривал е во 2010 година. Кога ќе се сумираат сите работи, знаејќи ја Барселона на Куман, тогаш како најсигурен тип ќе се избере 2-3 гола (квота 1,95). Конечниот исход на дербито на некогашните шпански прваци е навистина тешко да се предвиди.

>>> Сите квоти на мечот Наполи – Милан во MOZZART

Милан важи за една од најдобрите екипи во калчото, а Златан Ибрахимовиќ е гладен за успеси. Следен на „менито“ е Наполи, па „росонерите“ доаѓаат во Неапол со желба да го освојат. По седум одиграни кола Милан е лидер и нема пораз, па така, препораката е Х2 (1,57). Може да барате и два гола, па како добра опција изгледа и КМБ Х2&2+ (1,65).

Доколку сакате да излезете од понудениот шаблон и да одиграте повеќе натпревари, комплетната понуда погледнете ја на интернет-страницата на MOZZART.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…