Дома Фудбал Останато Клубот кој прерасна во „фабрика за правење асови“ ставен на продажба

Клубот кој прерасна во „фабрика за правење асови“ ставен на продажба

Сопственикот на Монако, Димитри Риболовлјев сериозно размислува за продажба на овој клуб.

Според информациите на францускиот портал „Ле10Спорт“, рускиот тајкун многу наскоро би можел да го продаде клубот од Монте Карло.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Причината за Русинот да донесе ваква одлука не е од спортска приорда, бидејќи Монако во последните години остава убав впечаток, а во сезоната 2016/2017 беше полуфиналист во Лигата на шампионите.

Наводно Риболовлјев е спремен за нов чекор во својата сопственичка кариера, тој сака да купи клуб од Премиер лигата, а за такво нешто би морал прво да се ослободи од Монако.

Се наведува и дека тој веќе има две понуди за продажба на клубот и од инцестицонен фонд од САД и Обединетите Арапски Емирати.

Ќе потсетиме, Риболовлјев го купи Монако во 2011 година кога тогашниот второлигаш испадна од елитата после 35 години.

Тогаш за тренер го доведе познатиот Клаудио Раниери и во 2013 година се вратија во Лига 1 од каде што започна фудбалската ренесанса на Кнежеството.

Во последните пет години низ таборот на Монако поминаа големи фудбалски асови како: Хамес Родригез, Радамел Фалкао, Жереми Тулалан, Килијан Мбапе, Фабињо, Бернардо Силва…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…