Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино тврди дека со сигурност ќе има Светско клупско првенство со 24 клуба во 2021 година, и покрај тоа што големите клубови се против оваа идеја.
Според Инфантино, ФИФА ја направило оваа одлука на состанокот на Советот на ФИФА во петокот, откако Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) во писмо побара да не се носи одлука сега и дека големите европски клубови нема да учествуваат на турнирот во 2021 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед, Јувентус, ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид се само дел од европските гиганти кои беа против оваа идеја на ФИФА, со образложение дека со ваков формат нема да имаат доволно време да ги одморат своите фудбалери, но не наидоа на разбирање од Светската куќа на фудбалот.
Исто така, Инфантино останува на планот да се преговара со организаторите на Светското првенство во 2022 година во Катар турнирот да се прошири на дури 48 репрезентации, од оригиналните 32.