Фудбалскиот сојуз на Италија денес ги соопшти податоците за тоа колку клубовите од Серија А платиле за услугите на фудалските агенти.
Иако поради пандемијата имаше многу помалку големи трансфери, сепак минатата година агентите за своите услуги наплатиле точни 138 милиони евра.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Јувентус платил најмногу, односно 20.8 милиони евра, па следува Рома (19,2) и Милан (14,3) милиони евра.
Наполи за услугите на агентите им платил 12 милиони евра, додека Интер и Фиорентина платиле по 9 милиони евра.
Специја е тим кој најмалку пати дал за агентите, или точно 876.132 евра.