Дома Фудбал Англија Клоп: Њукасл сега е третиот клуб во светот зад кој стои држава

Клоп: Њукасл сега е третиот клуб во светот зад кој стои држава

Њукасл неодамна и официјално беше купен од саудискиот принц Мохамед Бин Салман, осмиот најбогат човек во светот. Јирген Клоп сега зборуваше на оваа тема.

Многумина сметаат дека ќе следат години во кои Њукасл ќе стане еден од главните конкуренти за титулата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Го чекав официјалното соопштение на Премиер лигата или изјава на некој од врвот, нешто од било кој. Затоа што постојат оправдани стравови поврзани за човечките права во таа земја. Тоа е јасно, таква е ситуацијата. Што ќе значи ова за фудбалот? Сега во Њукасл имам нова суперсила“.

„Не сакам многу да коментирам затоа што не е моја работа. Како дошло до тоа да им се дозволи да купат клуб во Премиер лигата е прашање за други луѓе. Јас можам да зборувам за фудбалот, како што кажав ако гледаме долгорочно тие ќе бидат нова суперсила. Тоа е третиот клуб на светот зад кој стои држава. Им се отвараат неверојатни можности“, изјави Клоп.

И во медиумите Њукасл веќе секојдневно се поврзува со големи имиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …