Клубот од „Енфилд“ веќе почнува да размислува за наследник на Салах, бидејќи на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде Египќанецот.
Најголема желба на Клоп е ѕвездата на Баерн Минхен, Лерој Сане и нема да жали пари да го доведе на „Енфилд“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сане има договор со 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Баерн е спремен да слушне понуди.
Наводно Ливерпул е спремен да понуди 80 милиони фунти за потписот на 27-годишниот Германец.
Сане има искуство во Премиер лигата каде настапуваше за Сити, а оваа сезона игра одлично во дресот на Баерн. Клоп веќе разговарал со својот сонародник и го убедива да се пресели во Ливерпул.